Нова трогателна драма на телевизија Сител. Откако ќе се збогуваме со Бегалката, ќе ја пречекаме “Девојката од прозорецот”.
Емотивна приказна која ги омекна срцата и на најтврдите и ги расплака душите и на најкревките. Со оваа приказна, работена по вистински настан, сочуствуваа сите што ја слушнаа и ја засакаа сите што ја видоа.
Нејзиниот живот е управуван од немилосрдната баба, додека самата таа сонува за љубов која никогаш ја немала. Кога ќе го запознае Седат, ќе мисли дека сништата ѝ се оствариле, но тоа нема да биде бајка каква што замислуваше.
Страст, забранета љубов, тајни и неверство. Не ја пропуштајте “Девојката од прозорецот”, серија која ќе ја одбележи следнава година.
Дани | ТВ Пакет