Младите не се иселуваат само поради пари. Дел од причините поради кои младиот човек се решава да ја напушти Македонија лежат и во целиот амбиент во кој што функционира државата.
Советникот на опозицискиот лидер Мицкоски, Стефан Андоновски во Детектор вели дека младите си заминуваат за да си го зачуваат достоинството.
Иван Јованов од Мрежата за спречување на одливот на мозоци вели дека две третини од младите си одат поради финансиски причини, но голем е бројот и на оние кои се фрустрирани од целокупниот амбиент во кој што функционира државата.
Проблемот со иселувањето е комплексен и владата во соработка со младите гради стратегии за намалување на одливот на мозоци, вели советникот за млади и спорт на премиерот Заев, Ѓорѓи Тасев.
https://www.facebook.com/detektira/videos/2394314440806893/?t=6
Ставовите на граѓаните во врска со причините за иселувањето ги имаме во најновото истражување на јавното мислење кое ќе биде објавено и анализирано во “Детектор”, денеска во 16:30 на Сител Тв.
Дани | ТВ Пакет