Дали искреноста на Заев е контрапункт дека лаже и дека е криминалец? Дали храбрите одлуки на на власта на меѓународна сцена се доволни за првлекување на гласачите или случајот „Рекет” и ќе однесе СДСМ во опозиција?
Како граѓаните ќе разберат што нудат партиите ако во дебатите, партиските претставници се надвикуваат, политички се линчуваат, човечки се дискредитираат? Во недела на 28 јуни, на ТВ 24 следува интервју со Коста Петров, потпретседател на СДСМ.
Во “Трилинг” во 19 часот ќе следиме и прво телезиско појавување со универзитетскиот професор Вели Креци кој беше член на Националниот совет за безбедност кај претседателот Ѓорѓе Иванов.
Планирал ли Иванов на 27 април да прогласи воена состојба за да го заштити премиерот Груевски? Зошто не бил свикан Националниот совет за безбедност? Отворено со професорот од универзитетот ЈИЕ и за изборната кампања.
Дали разузнавачите се куририте меѓу една и друга власт? Бизнисмени поддржувачи на Мицкоски или блиски до Заев? Прислушувањето да стане алатка за политичка дискредитација и елиминација на опонентот? Каква е разорната моќ на политичките бомби? Дали постои врска меѓу политичарите, разунавачите, судството и олигархијата? Македонскиот рецепт ги зафаќа и Бугарите. Да се влезе во соба на премиер. И тоа да се објави, а да не биде стимолирано од странство?
Дали и во Македонија може тоа да се случи? На овие и други прашања разговор со поранешниот разузнавач Александар Диневски.
https://www.facebook.com/24vesti.mk/videos/3339589876105293/?t=11
Дани | ТВ Пакет