Почетна / Серии / Данска психолошка трилер серија од 8 ноември на Телма

Данска психолошка трилер серија од 8 ноември на Телма

Од вторник, 8 ноември во 20.15 часот на Телма започнува данската трилер серија “Кога прашината ќе слегне”, номинирана за шест награди на филмските церемонии во Данска и Шведска. Праказна за расната и верска нетрпеливост, за различните убедувања, сексуалната оринетација и дискриминација во современото данско опшество.

Навидум, обичен ден во Копенхаген. Отворање на нов ресторант, сè мора да биде совршено, врвулица од гости, убава храна и добро расположение. Одненадеж се случува ужас. Маскирани убијци кои пукаат на гостите. Терористички напад кој нераскинливо ја поврзува судбината на присутните.

Девет дена пред трагичниот напад овие луѓе ги живеат своите животи, несвесни за опасноста што им претстои. Мортен и Камила слават годишнина од бракот, Николај готвач, кој има амбиции да отвори сопствен ресторан, потоа Џамал кој води двоен живот, десетгодишната Мари која патува со својата мајка во центар за емигранти, старецот Холгер…

Секоја лична приказна се одмотува полека, со сите подеми и падови во животот, односите, достигнувања и разочарувањата во една временска линија која нè носи наназад и нè поместува нанапред, додека повремено приказната се врти околку самиот напад.

На крајот основното прашање, кој стои позади убиствата и зошто.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

error: Содржината е заштитена!