Од 8 декември (четврток) во 20.20 часот на Телма започнува италијанската романтична комедија “Венчај се со мене”, како дел од пакетот италијански серии на Телма за оваа сезона.
Нора и Уго се разделени и чекаат нивниот развод да стане конечен, но сосема случајно ќе добијат порака од тетка Кло со предлог да ја водат нејзината компанија за венчаници додека таа оди во странство на лекување.
Предлогот е, Нора и Уго да се преселат во куќата, да го вратат бизнисот на вистинскиот пат, но всушност желбата на Кло е тие двајцата да се обидат да го спасат својот брак. Таа не делува толку сериозно болна како што се претставува, но „лекувањето“ во Америка, а и повремено некој чек од бизнисот, убаво ѝ доаѓа.
Наскоро, малиот бизнис со венчаници, ќе добие нова насока и ќе стане фирма за организација на венчавки., a Нора и Уго започнуваат сè повеќе и повеќе да се зближуваат.
Дани | ТВ Пакет