Почетна / Живот / „Делфинот“ на Александар Прокопиев објавен во Хрватска

„Делфинот“ на Александар Прокопиев објавен во Хрватска

Eминентната хрватска издавачка куќа ВБЗ ја објави книгата раскази „Делфин” на Александар Прокопиев, „еден од водечките балкански постмодернистички писатели”, како што се оценува во најавата на издавачот. Преводот на хрватски е на Ивица Баковиќ.

Покрај другото, во рецензијата се вели: „Расказите на Прокопиев се наоѓаат некаде на границата помеѓу реалистичното и фантастичното. Кај него взаемно опстојуваат имагинарните и вистинските дејствија и ликови, што се јавуваат во различни хронотопи, па ги затекнуваме во Скопје, Белград, Загреб, во соништата, некаде на морскиот брег, во далечното минато, како и во животот на Александар Прокопиев. Некои од тие раскази се очевидна фикција, некои се историографски, додека некои се исчитуваат како автобиографска проза.

Раскажувачот не води во деновите на детството и младешкото созревање, но зануркува и во подлабоки теми како што се положбата на интелектуалцот во времињата неприкладни за тие кои истапувале против владеечкиот систем, вината и простувањето, тежината на победите и поразите.

Самосвоен, со хумор, ерудит без сувопарност, писател за сите генерации, како критиката го именува, Прокопиев напишал една шармантна и духовита книга, која ќе нè освои и ќе ни дарува единствено читателско искуство“.

За релативно кусо време, во последниве неколку месеци, се издадоа три преведени книги од Прокопиев: „Делфинот” во Словенија (издавач „Апокалипса”), „Синот-риба” во Србија (издавач „Геопоетика”) и сега, хрватскиот „Делфин” кај ВБЗ.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

error: Содржината е заштитена!