Почетна / Забава / „Детска насмевка за овој свет“ хуманитарен настан во чест на Тоше

„Детска насмевка за овој свет“ хуманитарен настан во чест на Тоше

Настанот ќе се одржи во амфитеатарот во спомен куќата на Тоше Проески во Крушево на 29ти јуни. Тоа е ден кој е особено значаен за Тоше, посебен ден во неговата кариера, ден на кој е оддржан неговиот прв концерт на градски стадион кој сега е именуван по неговото име.
За интерпретација на безвременските хитови на Тоше, задолжени се Никола Зацески, Денис Димоски, Марија Груевска и Елена Петреска, поддржани со музичките групи Инвиктус и Мелем. Собраните средства ќе бидат искористени за набавка на неопходна медицинска опрема за тестирање на слух кај новороденчиња во Македонија.


Хуманитарниот концерт е во организација на “Play Without Boundaries” во соработка со спомен киќата на Тоше Проески. Play Without Boundaries – PWB (Игра Без Граници) е хуманитарна непрофитна организација која е регистрирана во Австралија во 2015 година во чест на Тоше Проески. Од нејзиното постоење, PWB има организирано повеќе хуманитарни музички настани во Австралија, а ова е првиот од низата хуманитарни концерти кои се планираат во Македонија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешен настап на Дијана И. Илкоска со Софиската филхармонија

По неодамнешниот успех во Грузија, нашата реномирана диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, продолжува со нови …

error: Содржината е заштитена!