Приказната за малиот Омер од сега ќе се емитува од понеделник до петок во 19.40 часот на Канал 5 телевизија.
“Ранети птици” е турска продукција, снимена минатата година, во која се следи животот на едно детенце, кое е приморано да работи од мали нозе како би го издржувал неговиот злобен татко.
Во продолжение ве потсетуваме како започна приказната за Омер :
Пред неколку години, богатата фамилија Метеаноглу доживеала вистинска семејна трагедија. Левент останал без сопругата и неговото синче Ефе, кое како малечко било киднапирано и дадено на еден сиромашен измамник. Човекот кој го зел бебето се вика Дурмуш, злобен и прост сиромашен човек, кој цел живот се занимавал со улични кражби и криминал.
Токму тој, Дурмуш, сакал да го продаде бебето, но за среќа, завршил во затвор, и бебето останало во рацете на неговата ќерка Мерием. Мерием е таа која со чисто срце и љубов се грижела за малото детенце на кое му го дала името Омер.
Откако излегува Дурмуш од затвор, девојката мора да работи и дополнителна работа за да ги издржува братчето и нејзиниот татко, кој постојано ѝ ги зема заработените пари. Времето додека не е дома, го искористува нејзиниот лош татко, така што го носи малиот Омер да проси по улиците и на тој начин да му донесе многу пари.
Судбината на Мерием и нејзиното братче Омер се менуваат кога ќе го запознаат богатиот Левент Метеаноглу. Бизнисменот не знае дека Омер е неговото исчезнато дете, а ниту Мерием не претпоставува дека постепено се вљубува во биолошкиот татко на Омер. Мерием и малиот Омер ќе успеат да избегаат од злобните и кобни планови на Дурмуш, а помош и засолниште добиваат од страна на Левент.
Дани | ТВ Пакет