Детски филмски маратон на првиот ден од Новата година ни носи телевизија 24. По пладне, во 12.30 часот започнува канадската анимирана 3Д приказна “Snowtime” која премиерата ја имаше на Sundance film festival во 2015та година.
Селин Дион ја изведува музиката во приказната за Лук и Софи, две дечиња кои ќе организираат вистинска снежна војна во пресрет на Божиќните празници.
Во 14.30 часот продолжува детската авантура со “Аутсајдери”, кој со 21 милионски буџет се смета за најскап аргентински филм и најскап латиноамерикански анимиран филм на сите времиња.
Еден страственик на фудбалот ќе се изненади кога човечињата од фудбалчето – игра ќе оживеат. Авантурата против лошиот фудбалер започнува, а завршува со спаусвање на Лаура и формирање на вистински успешен фудбалски тим.
И за крај на детскиот маратон, во 17.45 часот ќе се прикажува шпанската авантура за “Зип и Зап и капетанот на островот”.
Тие мислеа дека се казнети, но одеднаш ќе се најдат на едно прекрасно место. Таен остров на сред океан, каде децата се секогаш деца, без правила и ограничувања, и без нивните родители. Место каде ветувањата секогаш се исполнуваат, но и каде сепак постои некој што ги движи конците. Авантура за децата и родителите, бајка за семејно уживање.
Дани | ТВ Пакет