Почетна / Телевизија / До кога Сител ќе има неточен програмски водич на веб страната?

До кога Сител ќе има неточен програмски водич на веб страната?

Како што веќе пишувавме, програмскиот водич на веб страната на телевизија Сител често знае да прикаже стари, неточни информации за содржините кои се емитуваат тековниот ден или ден, два потоа. И ова веќе трае повеќе од месец два, а да се промени водичот… абер нема.

Она што успеавме да забележиме е дека деновите понеделник, петок, сабота и недела прикажуваат неточна програмска шема. Шема во која се прикажани веќе одамна или неодамна завршени серии, а некои од содржините се со неточен термин на емитување.

ТВ 24 експресно реагираше на критиките на ТВ Пакет и за еден ден ги поправи забелешките кои се однесуваа на истиот проблем на веб страната, но кај националната Сител тоа не е случај. Па така, доколку решите да се информирате за содржините преку веб страната на Сител, очигледно ќе погрешите.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

error: Содржината е заштитена!