Почетна / Филм / „До победата и по неа“ во Кино Македонија во сабота на Сител

„До победата и по неа“ во Кино Македонија во сабота на Сител

Секоја сабота точно на пладне – македонски филм на Сител телевизија. “До победата и по неа” e македонски игран филм од 1966 година, снимен по сценариото на Симон Дракул, а во режија на Живорад Митровиќ. Ова е изборот за Кино Македонија во сабота, 12 мај.

Дејствието се случува при крајот на Втората светска војна во мало македонско гратче кое партизаните го ослободиле од бугарските сили и тие се соочени со прашањето како да се спротивстават на заробените војници, но и жителите на градот кои ги поддржувале непријател.
Петре Прличко, Драги Крстевски, Ристо Шишков, Илија Милчин се дел од актерската екипа во воениот историски филм на Сител за овој викенд.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

error: Содржината е заштитена!