Во рамки на XXXII Меѓународен саем на книгата во Скопје, во сабота, 12.09.2020, со почеток од 19 часот, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија традиционално ги додели наградите поделени во 5 категории, за изданија издадени меѓу двата саеми. Одлуката ја донесе тричлена стручна комисија во состав проф. д-р Наташа Аврамовска претседател, новинарката Весна Дамчевска, член, и академскиот ликовен уметник Златко Глигоров, член. Право на учество имаа сите изложувачи на саемот.
Добитници на наградитe се следниве книги и реализатори:
I КАТЕГОРИЈА: Најдобро оригинално издание од областа на литературата, науката, културата и уметноста меѓу двата саеми
I. НАГРАДА
ЗА НАЈДОБРО ОРИГИНАЛНО ИЗДАНИЕ ОД ОБЛАСТА НА ЛИТЕРАТУРАТА, НАУКАТА, КУЛТУРАТА И УМЕТНОСТА МЕЃУ ДВАТА САЕМИ
„лингвистички атлас на македонските дијалекти”
уредник: Марјан Марковиќ, издавач: МАНУ, Скопје
II. НАГРАДА
ЗА НАЈДОБРО ОРИГИНАЛНО ИЗДАНИЕ ОД ОБЛАСТА НА ЛИТЕРАТУРАТА, НАУКАТА, КУЛТУРАТА И УМЕТНОСТА МЕЃУ ДВАТА САЕМИ
„222 антиупатства за лична употреба (1978-2018)”
автор: Александар Прокопиев, издавач: АВАНТ ПРЕС, Скопје
II КАТЕГОРИЈА: Најдобро ликовно-графичко обликување и дизајн на книга – едиција меѓу двата саеми
I. НАГРАДА
ЗА НАЈДОБРО ЛИКОВНО-ГРАФИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ И ДИЗАЈН НА КНИГА-ЕДИЦИЈА МЕЃУ ДВАТА САЕМИ
„ЖИВОПИСОТ НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА xi-xvii ВЕК”
автор: Цветан Грозданов, издавач: МАНУ и МАТИЦА МАКЕДОНСКА, Скопје
II. НАГРАДА
ЗА НАЈДОБРО ЛИКОВНО-ГРАФИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ И ДИЗАЈН НА КНИГА-ЕДИЦИЈА МЕЃУ ДВАТА САЕМИ
„МУРАЛНОТО СЛИКАРСТВО ВО ИСЛАМСКИТЕ САКРАЛНИ ГРАДБИ ВО МАКЕДОНИЈА”
автор: Дита Старова – Ќерими, издавач: ЛОГОС-а, Скопје
III. НАГРАДА
ЗА НАЈДОБРО ЛИКОВНО-ГРАФИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ И ДИЗАЈН НА КНИГА-ЕДИЦИЈА МЕЃУ ДВАТА САЕМИ
„ВИДЕНО ПОД НОЌНА СВЕТИЛКА (Записи на стражарот)”
автор на текст и дизајн: Филип Клетников, издавач: АВАНТ ПРЕС, Скопје
III КАТЕГОРИЈА: Најдобро илустрирана книга или сликовница меѓу двата саеми
I. НАГРАДА
ЗА НАЈДОБРО ИЛУСТРИРАНА КНИГА ИЛИ СЛИКОВНИЦА МЕЃУ ДВАТА САЕМИ
„како ги дресираме мама и тато”
автор: Владимир Петрушевски – Фили, илустрации: Наташа Костовска, издавач: МАГОР, Скопје
II. НАГРАДА
ЗА НАЈДОБРО ИЛУСТРИРАНА КНИГА ИЛИ СЛИКОВНИЦА МЕЃУ ДВАТА САЕМИ
„ПРИНЦЕЗАТА НА КНИГИТЕ”
автор: Ана Стојанов, илустрации: Ева Шабанова, издавач: ЕДУКА МАК, Скопје
IV КАТЕГОРИЈА: Награда „Јаков од Камена Река” за најдобра компјутерска обработка за печат или отпечатена книга или едиција меѓу двата саеми:
I. НАГРАДА
„ЈАКОВ ОД КАМЕНА РЕКА”ЗА НАЈДОБРА КОМПЈУТЕРСКА ОБРАБОТКА, ПЕЧАТ И ИЗРАБОТКА НА КНИГА ИЛИ ЕДИЦИЈА МЕЃУ ДВАТА САЕМИ
„ANALIZA E FORMËS SË MUZIKËS KLASIKE”
Автор: William E. Caplin, Издавач ЛОГОС-А
II. НАГРАДА
„ЈАКОВ ОД КАМЕНА РЕКА”ЗА НАЈДОБРА КОМПЈУТЕРСКА ОБРАБОТКА, ПЕЧАТ И ИЗРАБОТКА НА КНИГА ИЛИ ЕДИЦИЈА МЕЃУ ДВАТА САЕМИ
„ЕВРОПСКИ КНИЖЕВЕН МОЗАИК”
издавач: МАГОР, Скопје
V КАТЕГОРИЈА: Најдобар книжар меѓу двата саеми.
Во оваа категорија, по тесната трка, комисијата одлучи да ја додели наградата на двајца конкуренти:
-НАГРАДА ЗА НАЈДОБАР КНИЖАР МЕЃУ ДВАТА САЕМИ
ХАДИС ЧАКО
ЗДРУЖЕНИЕ ЗА НАУКА И КУЛТУРА „ВАРДАР”, Скопје
Дани | ТВ Пакет