Во рамки на XXXIII Меѓународен саем на книгата во Скопје, на 13.09.2021, со почеток од 11 часот, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија традиционално ги додели наградите поделени во 5 категории, за изданија издадени меѓу двата саеми.
Одлуката ја донесе тричлена стручна комисија во состав: писателот Блаже Миневски, претседател, новинарката Весна Дамчевска, член, и академскиот ликовен уметник Златко Глигоров, член. Право на учество имаа сите изложувачи на саемот.
Добитници на наградитe се следниве книги и реализатори:
I КАТЕГОРИЈА: Најдобро оригинално издание од областа на литературата, науката, културата и уметноста меѓу двата саеми
ЗА НАЈДОБРО ОРИГИНАЛНО ИЗДАНИЕ ОД ОБЛАСТА НА ЛИТЕРАТУРАТА, НАУКАТА, КУЛТУРАТА И УМЕТНОСТА МЕЃУ ДВАТА САЕМИ
„VIOLA ARSENICA”
автор: Влада Урошевиќ, издавачи: ИК Готен, Скопје и МАНУ, Скопје
II КАТЕГОРИЈА: Најдобро ликовно-графичко обликување и дизајн на книга – едиција меѓу двата саеми
ЗА НАЈДОБРО ЛИКОВНО-ГРАФИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ И ДИЗАЈН НА КНИГА-ЕДИЦИЈА МЕЃУ ДВАТА САЕМИ
Едиција „ГРАВИРИ”
дизајн: Јованчо Димоски, издавач: ПНВ ПУБЛИКАЦИИ, Скопје
III КАТЕГОРИЈА: Најдобро илустрирана книга или сликовница меѓу двата саеми
ЗА НАЈДОБРО ИЛУСТРИРАНА КНИГА ИЛИ СЛИКОВНИЦА МЕЃУ ДВАТА САЕМИ
„ПРИКАЗНИ ЗА ДОБРА НОЌ НА МАМА АНА”
Автор на текстот: Билјана С. Црвенковска, илустрации: Магдалена Тофилоска
и Горан Мрвиќ, издавач: СВЕТОТ НА БИБИ, Скопје
IV КАТЕГОРИЈА: Награда „Јаков од Камена Река” за најдобра компјутерска обработка за печат или отпечатена книга или едиција меѓу двата саеми:
„ЈАКОВ ОД КАМЕНА РЕКА”ЗА НАЈДОБРА КОМПЈУТЕРСКА ОБРАБОТКА, ПЕЧАТ И ИЗРАБОТКА НА КНИГА ИЛИ ЕДИЦИЈА МЕЃУ ДВАТА САЕМИ
„СИРЕНА КОЈА СЕ СМЕЕ: ПЕТ БАЈКИ ОД
ВЕНЕЦИЈАНСКОТО ГЕТО”
Aвтор: Мирјана Огњановиќ, илустрации Александар Палавестра, Издавач АВАНТ ПРЕС, Скопје
V КАТЕГОРИЈА: Најдобар книжар меѓу двата саеми.
-НАГРАДА ЗА НАЈДОБАР КНИЖАР МЕЃУ ДВАТА САЕМИ:
ИВОНА СТОЈКОВСКА
СВЕТОТ НА БИБИ, Скопје
Дани | ТВ Пакет