Почетна / Телевизија / Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории објавени во Македонија. Престижната награда поддржана од Европската Унија ги препознава најдобрите истражувачки стории објавени во претходната година во земјите од Западен Балкан и во Турција.

Церемонијата ја отвори амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, кој ја истакна посветеноста на Европската Унија во поддршката на независното новинарство и слободата на медиумите во регионот.

Победниците на кои сертификатите им ги додели амбасадорот Рокас беа прогласени во следниот редослед.

Прво место освoи Ирена Мулачка од Фокус за сторијата „Скандал Онкологија“ (Фокус) со која се открија злоупотреби со терапиите за онколошките пациенти.

Второ место освоија Миомир Серафиновиќ и Снежана Лупевска Созен за сторијата „Семејно стебло Зајас, Соравиа, струја, дипломатија“ од емисијата КОД, ТВ Телма која открива фамилијарни врски и злоупотреби од високи функционери.

Трето место освоија Александар Методијев и Сузана Мицева за сторијата „Кревките Шуми“ (Нота.мк) која истражува нелегална сеча на шуми и институционална негрижа за животната средина.

Победниците на националниот конкурс за ЕУ наградата за истражувачко новинарство ќе имаат шанса да се натпреваруваат и за регионалниот конкурс на кој се наградуваат стории со регионално влијание од посебна жири-комисија. Победниците на регионалниот конкурс ќе бидат објавени во последната недела на oктомври во Анкара, Турција.

Проектот е финансиран од Европската Унија, а спроведуван од конзорциумот составен од Балканската истражувачка репортерска мрежа – БИРН Хаб, Централно-европскиот Универзитет (ЦЕУ) – Унгарија, Асоцијацијата на новинари (АЈ) – Турција, Томсон Медија (ТМ) – Германија, Универзитетот Гоце Делчев Штип (УГД) – С. Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) – С. Македонија, Асоцијацијата на медиумите од југо-источна Европа (МАСЕ) – Црна Гора и Балканската истражувачка репортерска мрежа Косово (БИРН Косово).

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За оваа есен, Алфа најавува ТВ содржина од ланската сезона?

На веб страната на телевизија Алфа не постои дел во кој ќе бидат претставени сите …

error: Содржината е заштитена!