Приказна за неодоливиот подем на амбициозената и харизматичена политичарка, која знае да ги „скрши бариерите“ и да стане прв потпретседател на САД, пред да го предизвика Доналд Трамп на претстојните американски претседателски избори…
Ќерка на мајка Индијка, жесток активист за граѓански права и татко од Јамајка, Камала Харис ја отелотворува современата визија за американскиот сон. Родена во Калифорнија во 1964 година, кога расната сегрегација штотуку беше дефинитивно забранета, таа многу рано се зафати со каузата на афро-американската заедница на која чувствуваше дека припаѓа. На клупите на Универзитетот Хауард, „црниот Харвард“, младата жена развила страст за ораторство, пред да продолжи со правни студии.
Како член на калифорнискиот округ, таа се кандидираше за канцеларијата на окружниот обвинител во Сан Франциско, која ја доби по жестока кампања. На оваа позиција, таа дојде со цврсти убедувања: против смртната казна, вооруженото насилство, за образованието на Афроамериканците и правото на втора шанса за младите деликвенти.
Следува сензационален влез во политиката: со изборот во американскиот Сенат во 2017 година – станува втора црна жена во историјата на оваа позиција – под демократските бои се кандидираше на партиските прелиминарни избори, пред да биде избрана за потпретседател од кандидатот Џо Бајден, на кого таа му нанесе многу удари за време на дебатите.
Амбициозна, харизматична, со извонредна жестокост. Нејзиниот пол, нејзиното странско потекло, нејзината боја на кожа: беа бариери од кои таа направи предност во нејзиниот подем, до точка да ја отелотвори иднината на Демократската партија, како „женски Обама“.
Од бастиони на движењето за граѓански права во Беркли и Оукленд до ходниците на моќта во Вашингтон, овој документарец ја следи генезата на една американска хероина и го поставува централното прашање: дали жената може да ја освои Белата куќа?
Дани | ТВ Пакет