Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Документарен серијал на Канал 5 за нашите традиции, храна и обичаи

Документарен серијал на Канал 5 за нашите традиции, храна и обичаи

„На чекор до рајот“ е документарен серијал што отвора врати кон најавтентичните приказни скриени зад селските порти, планинските патеки и древните обичаи.

Секоја сабота на пладне со Канал 5 ќе патуваме низ места каде културата сè уште дише, традицијата се негува со гордост, а вкусот на домашната храна носи спомени што не си ги знаел дека ги имаш. Секој чекор е средба со луѓе што зрачат со топлина, со занаетчии чии раце раскажуваат, со рецепти што се пренесуваат од генерација на генерација.

Ова не е само патување низ просторот туку и низ времето кон корените, кон вредностите, кон сето она што нè прави тоа што сме. Ќе го слушнеме звукот на старата песна, ќе го почувствуваме мирисот на тазе испечен леб и ќе видиме како обичниот ден во едно мало место може да изгледа како вечност.

Од високите планини до тивките езера, од глинени садови до шарени носии, секоја епизода е честичка од мозаикот наречен македонска душа. Серијалот го поврзува минатото со сегашноста, а локалното го издигнува на ниво на универзална убавина.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дали ТВ емисијата „Во фокус“ на Алфа има редовен термин?

Во програмскиот водич на телевизија Алфа, за ден – понеделник стои емитување на емисија во …

error: Содржината е заштитена!