„СЕМЕЈНИ ТАЈНИ“
од понеделник во 15.50 на Алфа телевизија
Документарно-играната серија „Семејни тајни“ открива колку тајни се кријат во нашето најблиско опкружување? Дали сме свесни за сето она што се случува околу нас и колку сме подготвени да се соочиме со вистината?
Серијата е инспирирана од секојдневните животни приказни, од неочекуваните љубовни афери, од драматичните бракоразводни парници, од мачните судења, од застрашувачките семејни тајни…
Тоа се приказни за љубовта и страстите, за стравот и лагите, за измамите и насилството. Тајни за семејните проблеми за кои не се зборува надвор од домот, за животните трагедии за кои веруваме дека им се случуваат на другите само не на нас.
Потресни приказни кои на гледачите ќе им овозможат, барем за миг, да ѕирнат во животите на другите, на оние кои оставаат впечаток на среќни семејства, а во нивните домови, меѓу четирите ѕида, се одвива вистинска животна драма.
| ТВ Пакет