Почетна / Сапуници / Доналд Сатерленд во репризата на „Без граници“ на Телма
понеделник - петок, на полноќ на Телма

Доналд Сатерленд во репризата на „Без граници“ на Телма

Секој работен ден по полноќ, Телма телевизија ќе ја репризира крими серијата “Без граници”, снимена од продуцентски куќи од САД, Германија, Италија и Франција. Светската премиера, серијата ја имаше на Телевизискиот фестивал во Монте-Карло на 14 јуни 2013. Во продолжение, ве потсетуваме на содржината :

Поради тоа што Европа станала опасно засолниште на многу криминалци и злосторници од целиот свет, се оформува специјална единица истражувачи кои проблемот ќе го решаваат на глобално ниво. Тие пет детективи на чело со капетанот Луис Даниел, мора да соработуваат заедно, да се привикнат на секакви ситуации и на солидарност.

Тука се една француска криминалиситичка аналитичарка, специјален техничар од Германија, експерт за оружје и тактика од Северна Ирска, италијанска истражителка специјализирана за мафијашки организации и тука е Даниел, нивниот лидер.

Сместени се во една напуштена зграда под судот, а додека ги бараат и ловат криминалците, се соочуваат со низа бирократски, правни и културолошки препреки. Нивните мети се опасни луѓе од Велика Британија, Германија, Франција, Полска, Русија, Скандинавија и така натака.

Заплетот започнува која њујоршкиот полицаец Карло Хикман му се јавува на Мишел Дорн, член на Меѓунардониот криминалиситички суд, да се проклучи во специјалната единица која се занимава со решавање на меѓународни злосторства.

Улоги : William Fichtner, Marc Lavoine, Gabriella Pession, Tom Wlaschiha, Moon Dailly, Richard Flood, Donald Sutherland​

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!