ТВ Пакет ексклузивно дознава – во февруари на Прва скопска МТМ телевизија и сите останати локални телевизии ширум земјава, започнува со емитување нова латиноамериканска серија. Интригантна приказна во 125 продолженија која е вистинско освежување за фановите на теленовели.
Подгответе се – доаѓа “Фамилијата Реј”.
Пријателство предадено за моќ и пари. Љубов за која вреди да се умре и одмазда која го заслепува ранетото срце. Сплетки кои ќе ве остават без здив од почетокот до крајот. Време е да се запознаеме со “Фамилијата Реј”, која на малите екрани ќе го врати вашиот миленик од “Скриени страсти” и “Научи ме да сакам”.
“Фамилијата Реј” е мексиканска сапуница која критиката и публиката ја споредија со американската “Далас” и која ги освои најголемите награди на престижните TV Addicto Golden awards во 2012-та година. Наскоро, ќе ве информираме за содржината и терминот на емитување.
Дани | ТВ Пакет