Новото издание од емисијата за филм „Во кадар“ со Миланка Рашиќ ги открива сите детали околу премиерата на новиот документарен филм за АББА, една од најуспешните групи во историјата. Во емисијата ќе гледате и потсетување на музичката комедија „Евровизија: Приказна за огнената сага“, со Вил Ферел и Рејчел Мекадамс, како и одбележување на 25 години од „Војна на ѕвездите – Фантомска закана“ на Џорџ Лукас.
Емисијата се емитува секоја недела во 21.00 часот на Првиот канал на Македонската телевизија. Во прилог најавата: