Со апсолутно мнозинство, програмскиот совет на Македонската Радио Телевизија на седница одржана на ден 14.10.2024 година, го именуваше Драган Николовски за одговорен уредник на Првиот програмски сервис
на МТВ.
Драган Николовски својата кариера ја градеше како спортски коментатор и уредник во спортските редакции прво во А1 телевизија, а потоа и на Јавниот сервис. Со отворањето на новиот спортско забавен канал на МРТ, истиот беше именуван за главен и одговорен уредник токму на МРТ 3.
А од сега, маестралниот спортски познавач и професионалец застанува на чело на уредништвото на МТВ 1. ТВ Пакет со голема чест и задоволство ја честита новата функција на Николовски и му посакува успешна работа во периодот и годините кои следат.
Време е Македонската телевизија да се издигне на ниво на РТС и ХРТ, а несомнено новиот уредник е токму изборот со кој веруваме дека ќе се случат големи и значајни промени во програмата на националната телевизија.
Дани | ТВ Пакет