Секоја недела со почеток во 20 часот, телевизија Телма ќе ја емитува најновата емисија на Драган Вучиќ. Вечерно кулинарско шоу на Вучиќ со неговите гости, кои покрај интересни детали од нивните животи, ќе пробаат да зготват нешто убаво и оригинално.
Изминатите години, Драган “прошета” на сите телевизии, а домаќин на Телма ќе биде за прв пат во неговата телевизиска кариера. Овојпат нема да гледаме ниту квизови, ниту игри во студио, ниту ќе се бира талент, ниту ќе се вози во ЈСП автобуси. Овојпат на гости ќе му бидат сериозни и познати регионални имиња од балканскиот џет сет.
Во првата емисија, гостин во “Гурмански приказни” ќе биде Здравко Чолиќ, а потоа следуваат и Ана Бекута, Сергеј Четковиќ и многу други балкански ѕвезди со нивните кулинарски стории. Недела на Телма – “Гурмански приказни” со Драган Вучиќ.
-
Видеото е превземено од gledy.net
Дани | ТВ Пакет