На 15 јануари елитата на американските продукции се собра во Лос Анџелес на 75. доделување на наградите „Еми“. Телевизискиот еквивалент на Оскарите обично се одржува во септември, но овој пат организаторите ја договорија церемонијата да се одржи на почетоткот на оваа година.
Серијата на ХБО – „Наследници“, мрачната и остра хроника за внатрешните расправии на богато дисфункционално семејство на чело на огромна медиумска империја, имаше дури 27 номинации и заврши со вкупно 6 награди „Еми“.
Серијата „Наследници“ ја добија наградата за категоријата најдобра драмска серија. Екипата на серијата исто така, ги зеде наградите за најдобар главен актер и актерка во драмска серија, кои им припаднаа на Киеран Калкин и Сара Снук. Наградата за најдобра машка споредна улога во драмска серија му припадна на британскиот актер Метју Мекфадјен.
Домаќин на церемонијата, одржана во театарот „Пикок“ во Лос Анџелес, беше актерот Ентони Андерсон.
Победниците ги избираат приближно 20.000 членови на Американската академија за телевизиски уметности и науки. Доделувањето на наградите Еми, кое беше одложено за четири месеци поради штрајкот на холивудските писатели и актери, се сметаат за телевизиски „Оскари“.
Дани | ТВ Пакет