Од понеделник до петок навечер ги следиме новите и најдраматични продолженија на најгледаната турска серија во моментов. Нови потресни мигови за семејството во “Горка земја”. Неочекуваното убиство на Хунќар ќе го потресе нејзиниот син Демир, но и сите оние кои долги години живееја и работеа на нејзиниот имот.
Злобната Бехиџе ги крие сите траги од свирепото убиство на Хунќар, но секое злосторство на крајот излегува пред лицето на правдата.
Ќе дознае ли полицијата кој ја уби госпоѓата на имотот или овој пат некој друг ќе биде обвинет за смртта на господарката?
Не пропуштајте ја “Горка земја” на ТВ Сител. Започнува почетокот на крајот за многу ликови кои ја одбележаа оваа епска историја. Крв и солзи навестуваат збогување не само со Хунќар, туку и со оние за кои најмалку се надевавте дека ќе ве напуштат.
Дани | ТВ Пакет