Американската драмска серија “Животинско кралство” премиерно на Телма телевизија од 14 јануари. Од понеделник до петок во 20.30 часот, веднаш по политичката дебатна емисија ќе се емитува “Animal kingdom”, базирана на истоимениот австралиски филм од 2011 година. Досега се снимени три сезони и вкупно 36 епизоди, а обновена е и за четврта сезона која треба со снимање да започне оваа година.
Оваа крими драма го прати 17 годишниот Џошуа кој поради предозирање и смрт на неговата мајка, мора да се пресели во домот на неговата баба и вујковци. Но, бегајќи од една лоша околина тој доаѓа во нова каде исто така не цутаат рози затоа што семејството Коди се занимава со разни криминални дејствија. Глава на ова тн. животинско кралство е Џавин, која покрај сега починатата ќерка, има четворица сина, од кои еден посвоен, а тројца од различни татковци.
Баз е посвоениот и водич на кражбите, Поуп е најстариот син, кој бил во затвор, има ментално растројство и е опсесивно вљубен во девојката на Баз. Крег е средниот од синовите, кој е зависник од дрога и е склон на многу ризици, а најмалиот Дерен е геј и отвара сомнителен бар. Покрај овие ликови, во приказната се вклучуваат уште неколку главни и споредни кои на ваков или онаков начин се врзуваат за криминалот на фамилијата Коди.
Дани | ТВ Пакет