Овој текст има за цел да ја открие другата страна на вистината околу наводниот скандал на нашиот претставник на Евровизија. Скандал преку кој гледаме дека и големи новинарски имиња не се обиделе да ги дознаат фактите. Да почнеме по ред.
A редот започнува минатата година, кога МРТ го избира за претставник Васил Гарванлиев.
-Во февруари 2020 година е објавено фамозното интервју на Васил со Вилијам Ли Адамс, сопственикот на фан страната wiwibloggs. Поминува точно една година и никој не реагира на тоа интервју тогаш, туку баш сега.
-МРТ како и останатите 25 земји од 40 земји учеснички решаваат нивниот претставник од 2020 година да биде истиот во 2021 бидејќи минатогодишното издание се откажа поради пандемијата.
-Наводното знаме во спотот, снимен во Даут Пашин Ам Ам, предизвика лавина реакции. Истите бои на знамето ги има и Италија од земјите учеснички на Евровизија, но ете, поради рекацијата, тој кадар е сепак отстранет од спотот.
-Васил се додворувал да добие поени од Бугарија? Доволно е да се погледне само дека во првата полуфинална вечер во која ќе учествува Македонија, исто како и лани според ждрепката напрвена за 2020 година, останува да важи истаото и сега, за 2021.
Тоа значи дека Бугарија не е во истото полифинале со нас,. Бугарите настапуваат во второто полуфинале во четврток. Според правилата на ЕБУ во секое полуфинале гласаат само земјите учеснички и 3 земји од т.н. Голема петорка плус домаќинот, кои се директно пласирано во финалето. Значи за Васил да се додворува за бугарски гласови прво треба да помине од полуфинале во финале и дури тогаш може да се додворува на Бугарија за да земе гласови.
-Сето ова со интервјуто постоело од лани февруари 2020, а се проблематизира дури сега бидејќи некој сега ја пушта нивната пропагандна машинерија.
-Да сакале да го оцрнат нашиот претставник, можеле уште лани да го направат тоа или дури кога МРТ објави дека тој и оваа година ќе биде претставникот.
-други националности кои настапувале за други земји само во последните неколку години се на пример Елени Фуерира, Албанка која живее во Грција, а настапи за Кипар во 2018 година, па дури и со албанскиот претставник го прикажа албанскиот орел на слика. Потоа, Серхат, Турчин по потекло 2 пати ја претставуваше Сан Марино и тоа во 2016 и 2019. Ермал Мета, Албанец, кој живее во Италија настапи во 2018. Џони Мануел и Треј Кембел, Американци, дел од групата Еквинокс, беа претставници на Бугарија 2018.
Бен Долич, Словенец, беше претставник на Германија 2020, а Виктор Крон, Швеѓанец, беше претставник на Естонија 2019. Ѓон Мухамераџ или Ѓон Тирс, татко Албанец од Косово, мајка Албанка од Албанија, беше претставник на Швајцарија 2020 и 2021.
Ова е официјална статистика за само последниве години, а во текот на историјата ги имало многу повеќе случаи на претставници со повеќе националности.
И како во 2017 година на никој не му пречеше што композиторот Борислав Миланов, Бугарин, ја напишаа нашата, српската и бугарската песна за Евровизија? Да потсетиме и дека спотот на Јана Бурческа беше снимен во Бугарија. А и да споменеме дека нашиот композитор Дарко Димитров имал песни за Албанија и Србија, покрај песните кои ги правел за нашите претставнички имиња.
На крајот дали знаеме кои наши спортисти кои нè претставуваат надвор и се претставуваат под нашето знаме имаат албански, косовски, бугарски, српски или хрватски пасоши или пасоши на било која друга држава? И не само спортисти, туку било која јавна личност репрезент.
Пред фактите и Боговите молчат.
| ТВ Пакет