Од понеделник до петок, по “Истанбулската невеста” ќе се емитува најновата хрватска теленовела “Drugo ime ljubavi”, која многумина ја споредија со популарните “Златни двори” и “Чиста љубов”.
Ова е приказна за Лола, убава и паметна девојка, на која пред десет години ѝ беше одземено штотуку роденото бебе. А сега, судбината решава да ѝ помогне да го врати она што одамна е изгубено и да го открие другото име на љубовта.
Таа бега од тешкото минатото во кое посесивно сака да ја задржи проблематичниот Игор, татко на нејзиното детенце. Тој е човек кој годините ги минал зад решетки, а сега излегува и е решен да ја поврати љубовта кон Лола и никогаш повторно да не ја изгуби. Но, за да ја врати неа, ќе мора да го врати и нивното дете. По 10 години, Лола конечно наоѓа трага која ја носи до детето, но за да го поврати, ќе мора да се одрекне од сè, па дури и од своето име.
Нејзиниот живот се менува во моментот кога во него се враќа Игор, но и моментот кога девојката го запознава Саша. Саша е она што Игор не е и за момент се чини дека тоа е човекот кој ќе ѝ го промени животот на убавата Лола.
Но, она што таа не го знае е дека успешниот и великодушен Саша е дел од семејството, обвиткано со тајни, интриги и злоба. Саша ги прекинал своите врски со семејството, но сега се враќа за да биде крај болната мајка, а пак таа… Лола, своето семејство допрва ќе треба да го обедини и создаде.
Сенките од минатото ги водат Лола и Саша до тоа место, до селото каде е сместен дворецот на моќната фамилија на Саша, чиј банкрот, распад и корумпираност е главна вест во државата. Воедно тоа се оние кои го кријат злосторството за кое некој треба да одговара и оние кои ќе ги држат конците постојано понатаму.
Кога Лола сфаќа дека исчезнувањето на нејзиниот син е поврзано со семејството на Саша и дека детето ѝ е поблиску од што може да замисли, решена е да се не се откаже и да се бори. Но, доколку се открие која е, Лола е свесна дека во секунда може повторно да го изгуби она кое сега е на чекор да го пронајде.
Нова хрватска драма, од понеделник до петок во 20.45 часот на Сител – “Другото име на љубовта”.
Дани | ТВ Пакет