Почетна / МК Сцена / Дуке : Никогаш сум немал идол oд големите имиња со кои сум работел

Дуке : Никогаш сум немал идол oд големите имиња со кои сум работел

Дуке Бојаџиев е човек кој се што прави, прави со повод и причина. Нема сила која може да го сопре Македонецот со светско реноме, во идејата да му ја покаже на светот својата перспектива на љубовта и музиката. Оригинален во идејата, амбициозен во намерата. Со оглед на тоа што долги години живее надвор од Македонија, ретко го гледаме, но кога ќе го видиме секогаш има двоцифрен број теми за разговор. Од последна средба со естрадниот магазин Бекстејц поминаа 5 години, од последната средба се случија многу работи.


Со оглед на тоа што Танго до Балчак е една од неговите најуспешни композиции, Бекстејџ разговорот го започна токму со тоа дали токму тоа беше она што го доближи до македонската публика.

Има растено со менталитет и по пример на неговиот покоен татко Тодор Бојаџиев, дека од уметност не се живее и дека е добро хоби, но не и професија. Музиката ја разбира како игра и нешто што природно извира од него, и токму затоа никогаш не помислил да се школува. Целото школување му било посветено на науката. Дури кога го завршил факултетот сфатил дека не може да го направи компромисот што го направил татко му.

Низ неговата интернационала кариера, Бојаџиев има работено со добитници на оскар како Џонатан Деми и Данис Тановиќ, но и со легендарната Синди Лопер

Изминативе месеци се појавиви со две песни, „Крв да ни се стори”, со Каролина Гочева и со Бранислав Николов, како и со „Убав ден” правена со Дина Јашари

Големината ја прави приземноста на човекот. Сите сме на крајот на денот луѓе, без разлика на кариерата, успехот и материјалната состојба.

Погледнете го целото интервју во целост:

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

error: Содржината е заштитена!