Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Дунавка : Штом зборат лошо за мене, знаеш дека ми се бивши

Дунавка : Штом зборат лошо за мене, знаеш дека ми се бивши

Дали во животот е поважно каков животен партнер ќе избереме или какви пријатели ќе имаме? Во новото издание на „Нешто конкретно” зборуваa на оваа тема, а гостите искрено ги споделуваа своите искуства на истата.

Според Дунавка Трифуновска, точно треба да се знае со кое чудовиште си во врска, таа зборуваше за претходниот партнер и издвои дека тој не знаел ниту да ги избрише пораките од телефонот што не требало да останат таму. Ја сподели случката каде нејзината пријателка и ги отворила очите во врска со него. Таа ќе раскаже и во какви односи е со неа сега. Вели дека никогаш не е без партнер затоа што и љубовникот го смета како таков, а за злите јазици додаде „Штом зборат лошо за мене знаеш дека ми се бивши, тоа е дијагнозата”.

Во емисијата гостуваа и Ленин Јовановски, Наташа Малинкова како и Дарко Спејко кој со голема самодоверба истакна дека не се плаши од неверства затоа што е сигурен оти неговата девојка го има најдоброто крај себе.

Гледајте „Нешто конкретно” секоја недела во 17.00 часот на Телма.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова сезона од фолк емисијата „На здравје“ секоја недела на Алфа

Четвртта сезона од музичката фолк емисија “На здравје” на Алфа телевизија. Секоја недела од 16.15 …

error: Содржината е заштитена!