Дурекс заедно со Викторија Лоба започнува кампања за едукација на младата популација за заштита од сексуално преносливи инфекции и непланирана бременост. Кампањата ќе се одвива на неколку локации низ Македонија, а во неа ќе се опфатат едукативни сесии, летна кампања на охридските плажи, испитување на јавното мислење, онлајн одговори на прашања од гинеколози на социјалните мрежи.
“Сексот во Македонија се уште е табу тема, а колку поотворено зборувате за темата, толку може да се подигне свесноста за важноста за заштита од сексуално преносливи инфекции. Според глобалниот извештај на Дурекс испитаниците кои не добиле никаква сексуална едукација пред нивното прво сексуално искуство имале 47,1% помалку шанси да употребуваат презерватив за време на нивниот прв сексуален однос. Тоа значи дека има голема потреба од едукација, а со тоа и потреба за зголемување на свесноста“, изјави Елена Гагиќ од Меркур Трејд генерален дистрибутер на брендот Дурекс за Македонија.
Оваа година Викторија Лоба е избрана да биде поддршка на кампањата, како млада личност која ќе ја поттикнува свесноста за потребата од заштита при сексуален однос кај младите и планирање на нивното семејство.
“Кога одговорните од Дурекс ми ги презентираа податоците за ниската свесност кај младите за потребата од заштита при сексуален однос без размислување прифатив да бидам дел од оваа кампања. Сметам дека со сексуално образование и едукација може навистина многу да се помогне, а зборувањето отворено за овие теми е нешто најважно за младите кои некогаш од незнаење, а некогаш од страв не прашуваат. Оваа кампања на Дурекс ќе даде одговор на сите прашања кои ги интересираат младите“, изјави Викторија Лоба.
Според истражувањата на Дурекс, мажите за 21,4% се грижат повеќе заштитата од жените. Секоја година за речиси три проценти се намалува веројатноста од употреба на презерватив при првиот сексуален однос. Над 60% употребуваат презерватив при прв сексуален однос во сериозна врска, а 45% во брак. Кампањата на Дурекс започнува уште денеска на социјалните мрежи, а за две недели ќе започне истражување на јавното мислење кај младата популација за нивната свесност за потреба од користење на заштита при сексуален однос.
| ТВ Пакет