На изненадување на многумина ЕБУ оваа година ја намалила цената за учество на Песна на Евровизија 2024 во Малме, Шведска. Откако многу јавни сервиси меѓу кои и МРТ истакнаа дека цената за учество во 2023 значително се зголемила, ЕБУ им излегла во пресрет на земјите учеснички и им ја намалила аконтацијата што се плаќа за учество на фестивалот.
Затоа некои земји меѓу кои и Македонија добиле продолжен рок за позитивно да одговорат за учество кој обично е до 15 октомври во тековната година. Затоа и МРТ го објави своето неучество на 6 декември 2023, скоро 2 месеци подоцна од вообичаениот рок. Романија пак доби право да потврди или откаже учество на 25 јануари 2024. Ова докажува дека по големите аконтации за 2023 за Евровизија во Луверпул, Велика Британија и откажувањето на Македонија, Црна Гора и Бугарија, ЕБУ ја намалила аконтацијата за учество, но сепак овие земји не се вратија во 2024 година, дури и Романија го откажа учеството. Веројатно аконтацијата и оваа година е намалена бидејќи прва од четирите земји кои беа отсутни, Црна Гора ќе се врати на Евровизија во Швајцарија во 2025 година.
Ова го потврдуваат и националните сервиси на Ирска, РТЕ и TVE на Шпанија. Според нивните јавно истаканти бројки тие платиле помала аконтација оваа година во однос на претходните три години која чинела 101.090 Евра за Ирска и 334.432, 63 Евра за Шпанија.
Ова е особено изненадување дека кога има помал број на учеснички автоматски аконтацијата се зголемува за сите, но ЕБУ поучени од 2023 кога три земји од финансиски причини се откажаа, во 2024 се обиделе да ги вратат назад земјите учеснички со што бројката од 37 би скокнала на 41 земја учесник.
Но, за жал ниедна земја ни Македонија не ги искористила овие финансиски поволности и освен Луксембург кои се вратија по 30 години повторно на Евровизија, останатите решија да испуштат уште една година, но Црна Гора е првата која го потврди своето учество. Дали Македонија конечно ќе го следи примерот на Црна Гора и ќе се врати на големата сцена останува да дознаеме кога ЕБУ ќе ја објави листата на земјите учеснички на Евровизија
Дани | ТВ Пакет