ТВ Пакет ексклузивно дознава. Македонската серија “Црвениот поет” ќе се емитува на Телма телевизија. Се работи за серија за животот и делото на Коста Рацин, еден од великаните на нашата поезија од дваесеттиот век, еден од најреволуционерните патриоти и еден од најромантичните уметници што ги дала нашата земја.
Коста Солев Рацин, извонредно талентиран млад поет кој се осмелува да пишува и објавува своја поезија на македонски јазик и покрај строгите забрани во времето по Првата светска војна. Згора на тоа, прогласен комунист, уште една активност која тогаш е забранета од властите, што му носи дополнителни тешкотии.
Главната улога, ликот на Коста Солев Рацин го игра актерот Александар Ристоски, а покрај него е и актерката Наталија Теодосиевска. Продукцијата на серијата ја водат Владимир Анастасов и Ангела Несторовска од продуцентската куќа „Сектор филм“, а како дел во авторската екипа се Сашко Насев (сценарист), Кирил Спасевски (сценограф), Емилија Ивановска Атанасовска (костимограф) и Апостол Трпески (директор на фотографија).
Дани | ТВ Пакет