По вчерашниот утрински текст за неажурираноста на веб страната на телевизија 24, денес веќе на дело, телевизијата го демантира пишаното.
Имено, експресно тимот на телевизијата реши да ја прифати критиката на ТВ Пакет и да ја ажурира прорграмската шема на телевизијата со што докажа дека и те како знаат да бидат професионални, но и те како знаат да почитуваат туѓо мислење и критика.
Сепак, критиките кои се објавуваат на ТВ Пакет не се воопшто лични или тенденциозни, туку напротив, сето тоа е во насока на подобрување на работата на телевизиите и крајна цел – навремена и точна информација до гледачите.
Сепак, останува отворено прашањето за (не)ажурираноста и на филмскиот дел, така да се надеваме дека ТВ 24 за брзо време ќе излезе во пресрет и на оваа наша критика.
Дани | ТВ Пакет