Почетна / МК Сцена / Видео | Елена се врати на мак сцената со новата песна „Ме боли за сѐ”

Видео | Елена се врати на мак сцената со новата песна „Ме боли за сѐ”

“Ме боли за сѐ” е насловот на новиот сингл на Елена Ристеска. После повеќегодишна пауза Елена се враќа на сцената со оваа песна која своето прво емитување го доби на Макфест 2024 во главната вечер.

Потврдувајќи го епитетот на вистинска трендсетерка, Елена се враќа со модерна трап/аренби/поп песна која дише во духот на новото време и трендови. Музиката, аранжманот и продукцијата на “Ме боли за сѐ” се на Александар Масевски, а текстот пак го напишаа заедно Масевски и Елена Ристеска.

Оваа песна многу наскоро ќе го добие својот официјален видео запис, а до тогаш слушнете ја аудио верзијата на новата песна на Елена.

https://www.youtube.com/watch?v=aNxgXdFHsIc

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

error: Содржината е заштитена!