Поранешниот капитен на англиската репрезентација, Дејвид Бекам ќе биде првиот маж што ќе ја добие можноста сам да се појави на насловната страница на магазинот „Elle“.
37-годишниот фудбалер го покажува своето перфектно обликувано тело, како и бројните тетоважи, оваа фотогафија ќе може да се пронајде во внатрешноста на магазинот, додека на втората фотографија позира во сива блуза, држејќи се за косата. Спортистот изјави дека за него претставува голема чест што му е дадена можноста да се појави на насловната страница на јулскиот број на овој магазин, кој првенствено е наменет за дамите. Уредничката на британскиот „Elle“, Лорин Кенди изјави дека Бекам е национален херој и икона.
„Elle е познат по тоа што на насловните страници ги претставува иконите. Верувам дека подеднакво го сакаат и мажите и жените“.
Chris | ТВ Пакет