Почетна / Серии / ЕМИ добитничката „Приказната на робинката“ репризно на МРТ 1

ЕМИ добитничката „Приказната на робинката“ репризно на МРТ 1

Адаптацијата на класичниот роман на Маргарет Атвуд, „Приказната на робинката“ ја раскажува приказната за животот на една жена која е присилена да живее како конкубина во едно фундаменталистичко теократско диктаторство во блиската иднина, во тоталитарната држава Гилед, поранешните САД, каде што женските права во основа не постојат.

Соочен со еколошка катастрофа и остар пад на стапката на наталитет, Гилеад владее со изопачен фундаментализам во неговото милитаризирано „враќање кон традиционалните вредности“, ги подложува плодните жени, наречени „Слугинки“, на ропство за раѓање деца.

Како една од ретките преостанати плодни жени, Офред е слугинка во домаќинството на Командантот, една од кастата на жени принудени на сексуално ропство во последниот очајнички обид за демографска обнова на светот.

Во ова застрашувачко општество, Офред мора да маневрира меѓу Командантите, нивните сурови сопруги, куќните марти и нејзините колешки слугинки – каде што секој може да биде шпион за Гилеад – сè со единствена цел да преживее и да ја најде ќерката што и ја зедоа.

Елизабет Мос и Ивон Страховски во репризното емитување на серијата на првиот канал на МРТ во термин по 23.15 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Документарна мини серија „Оваа Англија“ секоја сабота на МРТ 1

Драма по настаните околу премиерот Борис Џонсон и неговата влада наспроти првиот бран на Ковид-19. …

error: Содржината е заштитена!