Емил Арсов е новиот ексклузивец на Мак Мјузик продукција, со која тој неодамна потпиша договор за соработка. Момчето кое се појави на музичката сцена пред една декада, изминативе 2 години упорно работеше на градење на својот имиџ и кариера во позитивна насока, а тоа резултираше со договор со Мак Мјузик.
– Ми претставува огромно задоволство што веќе сум дел од една продукција каква што е Мак Мјузик, која што ги поддржува младите талентирани музичари и вложува во нив и во создавањето на квалитетна македонска естрада. Со полна пареа започнавме да ги работиме новите теми кои ќе се најдат на мојот деби албум, а зад кои ќе се потпишат многу познати композитори – изјавува Емил.
Стартот на соработката Мак Мјузик и Емил го одбележуваат со пуштање во етер на неговата нова песна „Лажем људе“ зад која како автори се потпишуваат Јован Јованов и Дамјан Лазаров, а текстот го напиша Елвир Мекиќ. Со оваа нумера Емил ќе настапи на меѓународниот фестивал Сунчане Скале кој што ќе се одржи на почетокот на јули во Херцег Нови, Црна Гора. Многу настапи низ Македонија, како и учество на Охрид Фест во август, се само дел од летните активности кои Мак Мјузик ги најавува за Емил.
Гоце | ТВ Пакет