Си беше еднаш една несреќна љубов,
си беше еднаш таа љубов, погазена за чест и долг.
Си беше еднаш една далечна земја која требаше да стане спас за таа љубов,
си беше еднаш таа горка земја, која наместо спас…
… донесе уште поголема горчина во вкусот на бескрајната љубов.
Од вечерва, ексклузивно на Сител – стартува најновата играна продукција, правена по теркот на епските спектакли “Бурни времиња”, “Имотот на дамата” и “Далеку од дома”. Познатите актери од турските серии во нова живописна драма за едно дамнешно време и едно дамнешно место.
Нова турска надсинхронизирана серија родена во безмислосната прашина на големиот град и пренесена онаму каде наместо розите да цветаат… тие уште повеќе ќе бодат.
На тлото на горката земја продолжува авантурата на младите љубовници, низ која ќе следиме борба за опстанок и желба само за подобро утре. Следете ја “Горка Земја”, ексклузивно секоја вечер на Сител телевизија.
Дани | ТВ Пакет