Почетна / Сапуници / Фановите бесни на Ситeл : Името му е Серкан, а не Ерхан!

Фановите бесни на Ситeл : Името му е Серкан, а не Ерхан!

Најновата романтична комедија “Немирно лето” започна со емитување на ТВ Сител и уште од самите најави, успеа да привлече внимание особено кај женската публика која го “бендиса” главниот машки лик.

Но, она што не “бендиса” публиката која е добро запознаена со турски серии е името на протагонистот, онака како што Сител го имаат преведено. Главниот лик е Серкан, но во надсинхронизациите на Сител, тој е Ерхан.

    • . Ерхан👏Барем имињата на главните ликови да ги научевте точно.👎
    • Оваа серија е број 1 по гледаност во Турција ајде името што сте го згрешиле туку и имињата на ликовите. Не е Ерхан туку Серкан, не е Мељо туку е Мело и многу други. Срамота!!!
    • Не е Ерхан, СЕРКАН БОЛАT
    • Kakov crn Erhan???? 🤯🤨🤨 Covekot se vika Serkan. Zasto gi menjate iminjata? I vo Angeli ima Serkan, pa ne go smenivte u Erhan…strasno. plus ne e Meljo, tuku Melo.
    • Sto e so iminjava??????!!!!!! SERKAN I MELO SE! Daj smeneto, nema smisla…iminja se toa, ne gi davame nie, taka si se!
    • Samo neka im kaze nekoj na sitel neka ne se brukaat smesni se glavnata uloga se vika Serhan Bolat a ne Erhan 🤣
    • Prvo nekaa naucat nasive kakao so prevodot pa posle neka preveduvat iminja go prekrstija covekot zalnoo…… 🥲

Oва се само дел од коментарите на социјалните мрежи кои негодуваат за промената на името. Очигледно серијата има голема интернет фан база која и те како знае како се викаат ликовите во серијата. А фанови.. не е лесно да излажеш, богами.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!