Откако најпознатата македонска новинарка и истакнато телевизиско лице, Снежана Лупевска Созен, застана на челната позиција на Телма телевизија, гледачите особено забележуваат позитивни промени во програмската шема на телевизијата.
За телевизија која важеше за досадна со црно бели филмови и опери, се претвори во квалитетна комерцијална телевизија која нуди содржини за сите сладокусци на телевизиските програми.
Објективни вести, истражувачко новинарство, емисии од областа на политиката, спортот, здравјето, куинарството, музиката, културата, забавата и шоу бизот, како и премиерни светски документарни серијали и филмски наслови од многу земји низ светот.
Она што особено го гледаат и читателите на ТВ Пакет се сериите кои се емитуваат на оваа фреквенција. Па така, во вечерните термини Телма емитува квалитетни играни серии од европски и американски продукции …
… а за љубителите на мелодрамите, секој работен ден во 13.45 часот се емитува теленовела. По ланските две кои беа прикажани на Телма во дневните термини, оваа година особено внимание предизвикува новата мексиканска серија “Непобедлива љубов”.
Серија во современа продукција, а исполнета со многу интриги, заплети, љубов и неочекувани пресврти. До нашата редакција стигнаа позитивни критики за серијата, па истите гледачи бараат Телма да продолжи во таа насока и понатаму да емитува ваков тип на серии во овие термини – динамични, современи и интригантни.
Во прдолжение само дел од коментарите на нашиот форум и оние добиени преку меил адресите на порталот :
– Кога веќе знаеме дека ниедна латино продукција не може да ни долови емоција и спектакли какви што правеа во 90ти и рани 2000ти, онда нека се осврнат на ваков терк на серии. Ништо повеќе не ни барам, ако ништо друго, барем ќе бидат ултра забавни и динамични.
– Интересна е цело време, вози некако. Брза е, има патетики, но затоа што е динамична, не ми сметаат. И само затоа што се брзи кадрите, не можам толку да замерам.
– Ауууууу 50тава епизода!!! Лудила!
– Посебно бизнисов што го тераат Размес, Колумба и Калисто ми е топ.
Исто, ме интересира како ќе се одвива и приказнава на Лола и татко и со Каликсто.
Откако се откри тајната за Ана Хулија, некако децава ми се во втор план, што е супер.
– Леона веќе се инфилтрира во домот на Рамзес како новата снаа, ама веќе ги откријаа со Давид. И овде ќе има доста тензии и закани во следниве епизоди, така ми мириса.
– Супер е. Не верувам дека ќе ја гледам редовно, ама ко ќе сум во можност ќе фрлам окце.
– Серијава е подобра од тие мексиканските лани. Конечно нешто интересно на тв.
– Телма треба да продолжи со вакви серии кои се многу модерни и супер сплеткарски. Од сите македонски телевизии, само Телма успеа да откупи ваква серија.
– Непобедлива љубов, од понеделник до петок во 13.45 часот. Одлична серија за сите што сме дома во тој термин и за сите оние кои со нетрпение очекувавме да се вратат ваквите серии на телевизија. Телма е бар поразлична од другите телевизии. Нема турски синхронзиирани серии и политички подкасти, а меѓу многутте добри ствари е Непобедлива Љубов.
Дани | ТВ Пакет