Со невидена разлика меѓу второпласираниот и првопласираниот особено кај публиката, Baby Lasagna со Rim Tim Tagi Dim e претставникот на Хрватска оваа година на Евровизија.
Како куриозитет, тој бил прва резерва ако некој случајно се откаже. Откако се откажала Zsa Zsa, Baby Lasagna доаѓа како нејзина замена. Откако ја објавува песната, сите фанови на Евровизија навиваа за негова победа скоро цел месец. Даде голем број на интервјуа за странски портали и медиуми.
Сите се прашуваат како оваа песна не влегла во изборот на топ 24 песни за Дора, туку била прва резерва. Сѐ повеќе се сомневаат дека тоа било PR на HRT за да го привлече вниманието токму на оваа песна.
Со неверојатен енергичен настап и одлична песна заслужено ќе ја претставува Хрватска во првото полуфинале во Шведска во Малме.
На обложувалниците вечерва Хрватска е трета за победа на Евровизија.
Во отсуство втора година по ред од страна на Македонската Радио Телевизија на Евровизија и без никаков план за повтроно враќање, ние можеме да навиваме за Baby Lasagna за влез и победа на Евровизија. Освен ако и Србија не изненади наскоро?
Дани | ТВ Пакет