Почетна / Живот / Фестивал на дуодрама „Бранко Ѓорчев“ за прв пат во Неготино

Фестивал на дуодрама „Бранко Ѓорчев“ за прв пат во Неготино

Со изведбата на дуодрамата „ Кислород“, работена по текст на Иван Вирипаев , во режија на Иван Јерчиќ, а во продукција на НТ- Битола, на 5 септември во 19 и 30 часот, во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“- Неготино, започна првото издание на фестивалот на дуодрама „Бранко Ѓорчев “.

Фестивалот ќе трае до 9 септември, а на програмата се дуодрами во продукција на театарот Комедија, независните театари „ Провокација“ и „ Златен елец“, сите од Македонија и “ Сцена маска“ од Србија.

На затворањето на фестивалот ќе бидат доделени: награда за најдобра машка улога, награда за најдобра женска улога, најдобра режија, специјална награда и гранд при за најдобра претстава. По врачувањето на наградите ќе биде изведена стенд ап комедија со Валентино Костадиновски и Атанас Атанасовски.За наградите ќе одлучува жирито, во состав: Благоја Чоревски – Чоре (актер), Мирјана.П.Ристов (актерка) и Билјана Крајчевска (драматураг). Селектор на фестивалот е актерот и режисер Роберт Ристов.

Фестивалот на дуо драмата „ Бранко Ѓорчев“, е во организација на Општина Неготино и театарот „Провокација“, од Скопје. Главен покровител и иницијатор е Општина Неготино. Концептот и логистиката за фестивалот се на театарот „ Провокација“.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

error: Содржината е заштитена!