Фестивал на традиционална храна и музика ќе се одржи во сабота во Љубојно и на плажата Дупени.
„По година пауза и успешната реализирана приказна во 2019-та, Преспа пак те повикува! На 26-ти јуни, сабота, запознај ја уникатната Преспа!
Ве повикуваме да уживате во езерото, локалната култура и традиционалната храна. Дојди и инспирирај се“, велат организаторите.
Во Љубојно, од 12:00ч. до 18:00ч. се случува Фестивал на традиционална храна, а на плажа Дупени од 18:00ч. настапуваат:
– Saso Recyd,
– Uzun Baaeba, како и гостите
– Positive Cuts од Албанија и
– Тhomas Numan од Грција.
Во рамките на настанот организиран е бесплатен превоз од Битола до Љубојно и Маркова Нога. Поаѓање од пред спортска сала,Битола во 13:00ч., и враќање од Маркова Нога во 01:00ч.
Дани | ТВ Пакет