Почетна / Филм / Филмотека на Телма со италијански трилер, француска и исландска драма

Филмотека на Телма со италијански трилер, француска и исландска драма

Филмски викенд на Телма во петок (21 февруари), сабота (22 февруари) и недела (23 февруари).

Петочната вечер започнува со италијански крими трилер каде полицискиот поручник по име Франко Аморе е повикан да го истражи местото на злосторството каде што неговиот најдобар пријател и долгогодишен партнер Дино бил убиен за време на грабеж на дијаманти.

Сабота навечер ја гледаме познатата Никита во улога на експерт за специјални операции, …

… по што следува семејна француска комедија за една девојка со вишок на килограми која тежнее да стане астронаут.

Во недела во 22.15 часот, британскиот биографски политички трилер ќе го истражува начинот на кој екстремизмот и насилството создаваат раздор меѓу луѓето, принудувајќи ги да избираат страни…

… и за крај на викендот исландско-украинска драмедија за жената – страстен еколошки активист,

… која преку ситен вандализам па до директна индустриска саботажа, успева да ги стопира преговорите помеѓу исландската влада и корпорацијата, за изградба на нова топилница на алуминиум во планините.

ПЕТОК 21.02.2025
22:15 Last Night of Amore ПОСЛЕДНА НОЌ НА ЉУБОВТА
САБОТА 22.02.2025
22:15 Fear the night СТРАШНА НОЌ
23:50 Stars by the Pound ЅВЕЗДА ОД 100 КИЛА
НЕДЕЛА 23.02.2025
22:15 Shoshana ШОШАНА
00:15 Woman At War ЖЕНА ВО ВОЈНА 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Британската биографска мелодрама за „Дамата“ во петок на МРТ 1

Од француско-британската продукција, во режија на познатиот Лук Бесон, доаѓа оваа фантастична љубовна приказна, во …

error: Содржината е заштитена!