Почетна / Филм / Филмска анализа на спортската драма „Dangal“ за сестрите-борци

Филмска анализа на спортската драма „Dangal“ за сестрите-борци

Режисерот Нитеш Тиварис (Nitesh Tiwari’s) со својот амбициозен филм во времетраење од 2 часа и 40 минути не само што ја раскажува приказната за раните години од животот на сестрите кои се индијски олимпијки во боречки вештини, Гета Фогат (Geeta Phogat) и Бабита Кумари (Babita Kumari), туку посветува и внимание на нивниот татко, Махавир Синг Фогат (Mahavir Singh Phogat) кој го игра познатиот индиски актер Амир Кан (Aamir Khan)

Махавир Синг Фогат (Кан) е талентиран борач од еден мал град во Харајана, кој освои национални златни медали, но не можел да си дозволи да продолжи со меѓународна кариера и бил принуден да се откаже од сонот за спортска слава поради семејната сиромаштија. Меѓутоа стариот Фогат вети дека ќе го обучува својот иден сеуште нероден син  во боречки вештини за да биде шампион. Сепак, судбината му даде четири ќерки.

Размислувајќи за тоа дека неговиот сон е мртов, Фогат и неговото семејство се сместија во необичен селски живот, при што жените беа назначени за чистење и готвење. Но, кога две од ќерките – Гета и Бабита – стануваат агресивни тинејџери кои честопати се впуштаат во тепачки со момчиња, Фогат почнува да се прашува дали можеби во нив има потенцијал.

Но, пред да може да ги обучува нив две, тој треба да ја убеди неговата сопруга (Sakshi Tanwar) и другите селани дека Гета (Fatima Sana Shaikh) и Бабита (Sanya Malhotra) не треба да бидат заклучени во “женските должности”. Иако неговото размислување е автономно, Фогат ефективно станува феминист.

Остатокот од филмот служи како дел од спортската драма, дел од него зборува и за општествениот коментар за женското угнетување во Индија, кулминирајќи во шампионатот на Игрите на Комонвелтот во Њу Делхи.

Dangal е ефективен бидејќи е толку возбудлив да се гледа, не само што семејните сцени се толку реално претставени, туку и тоа што Тивари се приближува до боречките секвенци со интелигенција и чувствителност.

Повеќе прочитајте на блогот “Филмска анализа”.

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!