Сабота, 6 октомври, 20.15 часот, Наша – “Крчма на патот за Европа”
Приказната во “Крчма на патот за Европа” започнува со желбата на Ѓорѓија (Васил Зафирчев) за просветување и едуцирање на својот народ со иновациите од Европа. Во сето тоа, прикажано на пародичен начин, му помага Содо Арамијата (Младен Крстевски). По една битка со полицијата Содо е уапсен, а Ѓорѓија бега во Париз каде ја запознава Французинката Сара (Весна Димитровска). Таа подоцна доаѓа на просторите на вечно немирниот Балкан трагајќи по својот миленик Ѓорѓија. Но тука, на Балканот, таа доживува многу згоди и незгоди кои ги нуди “немирниот” и “опасниот” Балкан.
Во главните улоги во оваа комедија од 2007та година настапуваат: Весна Димитровска, Васил Зафирчев, Младен Крстевски, Данчо Чеврески, Благоја Спиркоски – Џумерко, и други. Сниман е на локации во Велес и околината, а во продукција на МС и МРТВ.
Дани | ТВ Пакет