Во соработка со блогот “Филмска анализа” продолжуваме со објавување на најновите осврти на познати и помалку познати филмски остварувања кои зависно од рецензијата, ќе одлучите дали би ги гледале или не. Празнично, ви го претставуваме “What happened to Monday”.
What Happened to Monday е проект на продуцентската куќа Нетфликс. Овој пат станува збор за дистописки научно-фантастичен филм на Tommy Wirkola. Покрај високата продукциска вредност што ја има филмот, она што го издвојува е исто така и глумицата Noomi Rapace која игра улога на една од седумте сестри.
За некои педесетина години планетата Земја доживува криза поради преголемата пренаселеност и недостатокот на храна. Преку одредено генетско модифицирање што го направиле научниците започнува да се зголемува бројот на раѓање на близнаци, тројки и т.н. Поради тоа се воведува ограничување да секое семејство мора да има само по едно дете. Меѓутоа во еден стан живеат седум идентични сестри кои ги одгледува нивниот дедо Willem Dafoe. Тие се викаат според денот во неделата, сите седум сестри имаат еден идентитет и секоја излегува надвор според денот што е во неделата. Заплетот се случува во моментот кога една вечер Понеделник нема да се врати во станот.
Сценариото и не е толку целосно разработено бидеји постојат уште голем број на елементи што можеле да ја надополнат приказната. Имено, според мене многу повеќе би ме интересирало да видам како тие седум сестри растат заедно како се справуваат со ситуацијата да бидат постојано затворени дома, а исто така и дистописката тема можела да има дополнителна разработка.
Но исто така треба да се пофали и секторот костимографија кои внимавале на секој детал и направиле соодветен баланс помеѓу сите карактери и секој елемент што го имаат со себе им отцртува некаква карактеристика. Единствено што може да се каже како замерка е тоа што сестрите се класичен архетип како што се „geek girl“ или „sexy girl“ кои воопшто не се целосно разработени, но сепак преку детали успеале да им даде живот на овие ликови. Ова најмногу се гледа во сцените кога сестрите се на иста маса и имаат меѓусебен дијалог.
повеќе за филмот прочитајте ТУКА
| ТВ Пакет