Почетна / Филм / Филмска рецензија на совршениот технички СФ филм „Gravity“

Филмска рецензија на совршениот технички СФ филм „Gravity“

Во соработка со блогот за филмски анализи, ви претставуваме рецензија на “Gravity”. Филмот што ја одбележа 2013 година е sci-fi спектаклот од мексиканскиот режисер Алфонсо Куарон (Alfonso Cuaron). Овој филм се издвојува од сите останати СФ филмови поради совршенството постигнато во техничкиот аспект, додека според сценариото за жал може да се каже дека спаѓа во средна категорија на филмови од овој жанр кои се појавиле во изминатите неколку години.
Уште на самиот поечеток се запознаваме со астронаутите, докторката Рајан Стоун на која што ова и е дебитантска мисија во вселената и Мет Ковалски кој после оваа мисија завршува со летање во вселената.  Нивниот работен престој во вселената нагло се прекинува кога ќе се најдат под удар на огромен број делови од разнесениот руски сателит кои летаат со брзина од неколку десетина илјади километри на час. После првиот удар врз нивниот брод и телескоп на кој работат, тие двајца се единствените преживеани на оваа мисија, но и покрај прекинатата комуникација со Земјата  тие даваат се од себе да најдат начин и да се вратат назад.


Од техничка гледна точка ова е еден од најсовршените филмови некогаш снимени во историјата на кинематографија. Маестралната режија на Алфонско со бројните сцени кои траат и по неколку минути без да има рез, врвната монтажа, специјални ефекти, анимација, звук, сите тие заедно даваат еден неверојатен впечаток кој сосема реално ја претставува локацијата на која се одвива дејствието. Вешто се додадени и музички секвенци кои во одредени моменти се напрани а во одреден момент смирувачки  како и честата промена на звуците и целосната тишина, може да се каже дека режисерот едноставно не преселува во вселената и се чувстуваме како да сме таму заедно со нив.

За жал овој проект има навистина сиромашно сценарио така што голем дел од филмаџиите не беа целосно задоволни. Факт е дека овој жанр не бара ремек-дело од сценарио, но одредени специфични елементи оставаат сенка на квалитетот на целиот проект. Дејствието се сведува на раб на преживување а ликовите и не се целосно разработени. Филмоти има голем број на сцени кои не покажуваат ништо освен тоа што нудат врвно визуелно доживување, но исто така треба да се напомене дека филмот изобилува со голем број на клишеа.
Целосната филмска рецензија може да ја прочитате на следниот блог. .
| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!