По завршување на српските серии, Алфа телевизија продолжува со емитување на филмовите кои произлегле од тие серии или кои биле предвесник на истите. Минатиот понеделник и вторник беше емитуван “Млада Босна”, од кој произлезе серијата “Адвокатот на атентаторот” за најпознатиот судски процес по сараевскиот атентат.
Овој понеделник (17 јуни) и вторник (18 јуни) во 20.10 часот ќе се емитува “Ранетиот орел”. Истоимената серија до пред неколку недели се прикажуваше на Алфа, а сега и филмот во два дела. Потсетете се на приказната на МирЈам за борбата на Анѓелка во светот на мажите. Борба на една млада жена со своите лични емотивни и морални дилеми.
Дани | ТВ Пакет