Вечерва (недела) во Киев на „Олимпискиот Стадион“ се игра финалето на 14-то Европско првенство во фудбал. Финалисти се репрезентациите на Шпанија и на Италија, и двете досега ја имаат освоено титулата најдобар на Стариот континент.
Актуелниот шампион (ЕП 2008) Шпанија може да се пофали со триумф и во 1964-та година, а во нивната историја се вбројува и пораз во финалето во 1984-та година. Што се однесува до репрезентацијата на Италија, тие ќе го играат третото финале. Бројат победа во 1968-та година, а беа финалисти во 2000-та година кога победи Франција.
Судија на вечерашното финале што ќе го гледате со почеток од 20.45 часот ќе биде Педро Проенса од Португалија.
Martin M. | ТВ Пакет